Маск нуди речиси 100 милијарди долари за купување на OpenAI, доби и контрапонуда од Алтман

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Конзорциум инвеститори предводен од милијардерот Илон Маск понуди 97,4 милијарди долари за купување на непрофитната организација која го контролира стартапот за вештачка интелигенција OpenAI. Според извештајот, адвокатот на Маск рекол дека тој ја доставил понудата до одборот на директори на OpenAI.

– Време е OpenAI да се врати на своите корени како отворена, безбедносно ориентирана сила за добро. Ќе се погрижиме тоа да се случи“, изјави Маск за Wall Street Journal.

Сем Алтман, извршен директор на OpenAI, ја одби понудата на неговиот поранешен соработник Илон Маск.

– Не благодарам, но можеме да го купиме Twitter за 97,4 милијарди долари ако сакате – напиша Алтман, додека Маск одговори на својот профил на социјалната мрежа Х, пишувајќи дека „Алтман е измамник“.

Маск беше еден од ко-основачите на OpenAI во 2015 година, но ја напушти компанијата во 2018 година поради несогласувања околу насоката на развој. OpenAI денес е една од највредните технолошки компании во светот, со проценета вредност од над 80 милијарди долари. Компанијата направи револуција во светот на вештачката интелигенција со лансирањето на ChatGPT кон крајот на 2022 година, а неодамна го претстави моделот GPT-4, кој ги поместува границите на она што е можно во областа на вештачката интелигенција.

Алтман сака да го преземе OpenAI ChatGPT, додека Маск веќе е вмешан во правен спор со компанијата, откако поднел барање во 2024 година да и се забрани да премине од непрофитна организација. Тимот на инвеститори сега вели дека целта на понудата е токму да се задржи почетниот фокус на OpenAI, кој беше со отворен код.

„Доколку Сем Алтман и сегашниот одбор на директори имаат намера да станат целосно профитна корпорација, oд витално значење е добротворната организација да биде прилично добро компензирана за она што нејзиното раководство и го одзема – контролата врз најтрансформативната технологија на нашето време“, нагласи Маск.

Слични содржини