Маск обезбеди Интернет за Украина, откако Русија гранантираше клучна инфраструктура

од Vladimir Zorba
354 прегледи

Најбогатиот човек на светот, Елон Маск, објави дека сателитскиот интернет сервис Starlink, на неговата компанија SpaceX, е достапен во Украина и дека испраќа поголем број терминали во таа земја.

Во повеќето делови на Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев, интернет-врската беше прекината откако руската армија влезе во земјата и ја гранатираше клучната инфраструктура, јавува CNBC.

Вицепремиерот на Украина и министер за дигитална трансформација Михаил Федоров се обрати на Маск со следнава порака: „Додека вие се обидувате да го колонизирате Марс – Русија се обидува да ја окупира Украина! Додека вашите ракети успешно слетуваат од вселената – руски ракети напаѓаат украински цивили! Ве молиме обезбедете станици Starlink на Украина и обратете се до нормалните Руси да престанат“, додаваат американските медиуми.

Маск одговори на пораката на Федор на Твитер доцна во саботата: „Услугата Starlink сега е активна во Украина. Повеќе терминали на пат “.

Сателитската услуга Starlink има за цел да обезбеди пристап до Интернет во региони во светот кои моментално не се опслужени од провајдери на широкопојасен интернет. Тоа им овозможува на луѓето да се поврзат на Интернет преку сателитска антена поставена на или во близина на нечиј објект, која прима сигнал од сателитите SpaceX лансирани во орбитата и од земни станици.