За да открие дали е доволно снаодлив за да стане претприемач, Елон Маск се обидел да преживее цел месец со 30 долари.
Овој експеримент му помогна да го надмине стравот од неуспех.
Долго пред извршниот директор на SpaceX и Tesla, Елон Маск да стане милијардер, тој живеел со само еден долар дневно. Тој не бил сиромашен, тоа било негов начин да се тестира себеси и да одлучи дали може да стане претприемач. Во тој период јадел само пецива и портокали за да ги сведе личните трошоци на минимум.
Во една емисија, Маск ги објасни своите амбиции да ја обликува иднината на човештвото преку Интернет, енергија и истражување на вселената, кои почнал да ги развива како бруцош.
Кога бил млад, планирал да замине во САД, што го направил во третата година на студии. Отсекогаш се прашувал како би било да започнеш бизнис во Америка на дваесет и нешто години.
„Прилично е лесно да се живее во Америка. Не ми требаше многу. Сфатив дека можам да живеам во евтин стан со мојот компјутер и тоа би ми било доволно“, рекол Маск.
Тој пресметал дека 30 долари се доволни за да го помине месецот, па решил да ја тестира својата теорија.
Богатството на Маск денес достигнува околу 220.2 милијарди долари.