Маск објавува твитови, тие инвестираат: Како едно „меме“ значително ги зголеми акциите на создавачите на видео игри?

од Nikola Popovski
371 прегледи

Тековната 2021 година започна, можеме да кажеме, многу интересно. На крајот на првата недела од јануари, Елон Маск (Тесла, Спејс Икс) стана најбогатиот човек на планетата и тој го „симна“ од тронот Џеф Безос.

Сепак, тој сега е повторно на второто место, но неговото влијание е секако невидено. Ја заврши минатата година во полн сјај, а сега сме сведоци дека секој негов твит крева „бура“ во јавноста.

Имено, минатата недела, со својот пост „Користете Сигнал“, милијардерот несакајќи влијаеше врз растот на акциите на компанијата „Сигнал аванс“, што нема никаква врска со комуникациската платформа на која се повикуваше Маск.

Неговиот твит се однесуваше на бојкотот на WhatsApp, комуникациска апликација која воведува сè построги правила за корисниците, и затоа деновиве се соочува со осуда.

Покрај тоа, Маск со својот ангажман на Твитер влијаеше и на скокот на акциите од 4%, кога станува збор за јапонскиот пазар на видео игри, поточно производителот „Бандаи Намко“.

Истото се случи повторно, Маск дури и не го спомна името на оваа компанија, туку само го сподели следното меме до своите следбеници:

Она што точно го мислеше, останува енигма, но јапонската компанија секако профитираше од „поигрувањето“ на Маск на неговата омилена платформа за дружење.

Американецот има 42 милиони следбеници на Твитер, а овој конкретен пост има повеќе од 527 000 лајкови. Тоа е меме со лик по име Сачико Кошимизу.

Слични содржини