Извршниот директор на Tesla, Елон Маск, одговори на Twitter во неделата на повикот на американската сенаторка Елизабет Ворен, пишувајќи дека ќе плати повеќе од 11 милијарди долари данок оваа година.
For those wondering, I will pay over $11 billion in taxes this year
— Elon Musk (@elonmusk) December 20, 2021
На почетокот на минатата недела, откако магазинот „Time“ го прогласи директорот на фабриката за електрични автомобили „Личност на годината“, Ворен на Twitter напиша дека Маск треба да престане „да се влече на сметка на сите други“ и да плаќа данок.
Маск одговори дека „ќе плати повеќе даноци оваа година од кој било Американец во историјата“.
Маск моментално е најбогатиот човек на светот, а неговата компанија Tesla вреди околу 1.000 милијарди долари.
Во последните неколку недели, Маск продаде акции на Tesla во вредност од речиси 14 милијарди долари.