Најбогатиот човек на светот и сопственик на технолошки компании, Елон Маск, ослабел речиси 10 килограми за многу краток временски период, откако во јавноста протекоа папарацо фотографии од него без маица на јахта.
Маск на своите следбеници на социјалните мрежи им се пофали со својата трансформација, па реши да открие што стои зад неговото успешно решение за вишокот килограми.
Сопственикот на Tesla на својот официјален профил на Twtter напиша дека „повремено постел, по совет на добар пријател, за да се чувствува поздраво“. Покрај здравјето, Маск е полесен, како што вели, за речиси 10 килограми.
Целиот процес на постење го следел со помош на една од апликациите, а големата разлика е видлива за око.
За потсетување, Маск кон средината на јули пловеше околу грчкиот остров Миконос во друштво на пријатели, а поради папарацо фотографиите, корисниците на социјалните мрежи го навредувааа поради неговиот стомак.
Треба да се нагласи дека најбогатиот човек на светот е актуелен на своите социјални мрежи и често наоѓа време да им одговори на следбениците и покрај напорниот распоред. Сигурно не го пропушти фактот што и вториот најбогат човек на светот, Џеф Безос, го средил своето торзо иако е неколку години постар од него.
Потоа на социјалните мрежи почнаа да кружат мемиња кои укажуваа на нивните разлики во изгледот, што сигурно го натера Маск да размисли.