Дигиталната валута „dodgecoin“ забележа скок од четири проценти откако шефот на Тесла, Елон Маск објави твит во кој ја спомна таа криптовалута.
Маск напишал дека кога името на криптовалутата (doge) е напишано наназад, гласи „Egod“, што предизвика да расте нејзината вредност.
Во февруари, милијардерот предизвика скок на Doge само со „твитање“ на зборот „Буквално“.
Dodgecoin зајакна 4,23 проценти на 0,051624 $ во 1:49 часот по источно време.
Таа криптовалута има зголемување на вредноста од над илјада проценти од почетокот на годината.