Маск побогат од Безос за 100 милијарди долари

од Vladimir Zorba
159 прегледи

Според најновата листа на Форбс, американскиот милијардер Елон Маск дополнително го зголемил своето богатство кое сега се проценува на 282 милијарди долари, што е за речиси 100 милијарди долари повеќе од основачот на „Амазон“, Џеф Безос.

Богатството на Безос се проценува на 183,6 милијарди долари, објави „Дејли мејл“.

Сопственикот на „Тесла“ и „Спејс екс“ го заработил најголемиот дел од своето богатство од почетокот на пандемијата, чија вредност на почетокот на 2020 година изнесувало 26,6 милијарди долари, наведува британскиот весник.