Маск подготвува нов грандиозен проект: „Ова ќе биде место за живеење на светската класа“

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Следната мисија на „SpaceX“ нема никаква врска со ракети. Наместо тоа, тие имаат намера да го претворат својот објект Starbase во нов град во американската држава Тексас.

На „X“, шефот на „SpaceX“, Илон Маск, сподели писмо од компанијата за вселенски летови до судијата Еди Тревињо Џуниор, највисокиот избран функционер во округот Камерон, каде што се наоѓа објектот, барајќи избори за да се утврди дали Starbase треба да биде прогласен за град.

„Starbase е дом на развојот и производството на Starship на SpaceX, проект дизајниран фундаментално да го промени пристапот на човештвото кон вселената. Инвестираме милијарди во инфраструктурата и генерираме стотици милиони приходи и даноци за локалните бизниси и владата, се со цел Јужен Тексас да стане порта на Марс“, рече Маск.

SpaceX тврди дека за да продолжи да расте работната сила потребна за брзо развивање и производство на следната генерација на мегаракетата Starship, неопходна е способноста Starbase да расте како заедница.

Затоа тие бараат од округот Камерон да распише избори за да се овозможи Starbase да биде прогласен за нов град во долината Пио Гранде.

Создавањето на Starbase City треба да ги рационализира процесите за изградба на удобности потребни за да се направи областа место за живеење од светска класа – за стотиците кои веќе го нарекуваат дом, како и за потенцијалните работници кои сакаат да помогнат во изградбата на иднината на човештвото во вселената, велат тие.

Досега, вселенската база обично се споменуваше покрај Бока Чика, Тексас, а претворањето на Starbase во град би го променило тоа.

Маск првпат ја претстави идејата за изградба на база од ваков тип во Тексас во 2021 година, а официјалното барање пристигна дури сега. Судијата Тревињо Јуниор рече дека администрацијата ќе го разгледа, ќе види дали е во согласност со законот и потоа ќе одлучи што понатаму.

Еколошките активисти го обвинија SpaceX за загадување на водата и уништување на живеалиштето околу Starbase.

Таа компанија во писмото навела дека создавањето на градот нема да има „никакво влијание врз посветеноста на SpaceX да стане научно-базиран управител на локалната средина“, пишува Digital Trends.

Слични содржини