Маск потврди дека ја напушта државната администрација: Mу благодарам на Трамп за можноста да го намалам расипничкото трошење

од Milan1
10 прегледи

Милијардерот Илон Маск соопшти дека ја напушта својата позиција во американската влада откако го водеше таканаречениот Оддел за владина ефикасност во контроверзен обид за намалување на федералните трошоци.

– Како што моето време како специјален владин службеник се ближи кон крајот, би сакал да му се заблагодарам на претседателот Доналд Трамп за можноста да го намалам расипничкото трошење, напиша тој на X.

Мандатот на Маск од 130 дена како специјален владин службеник требаше да измине на 30 мај. Владата на САД посочи дека напорите на „ДОГЕ“ за реструктуирање и намалување на владините трошоци ќе продолжат.

– Мисијата на „ДОГЕ“ само ќе се зајакне со текот на времето, откако ќе стане начин на работа за владата, напиша Маск.

Службеник на Белата куќа ја потврди информацијата за заминувањето на Маск и рече дека „неговото повлекување ќе почне денеска“.

Слични содржини