220
Американскиот претприемач и милијардер Eлон Маск изјави дека е неопходен целосен преглед на владините ресори и повика на создавање специјална комисија во Соединетите Американски Држави за да ги казни оние службеници кои ги злоупотребуваат своите овластувања за лични или политички придобивки.
„Неопходна е целосна контрола на овие институции, заедно со казнени мерки на комисијата против оние кои ги злоупотребиле своите регулаторни овластувања за лична или политичка корист“, напиша тој на социјалната мрежа Х (Твитер), коментирајќи ги неодамнешните акции на Комисијата за хартии од вредност и други агенции во врска со компаниите кои ги поседува.