Маск повикан да сведочи во судење за сексуално подведување

од Stefanija Kuzmanovska
204 прегледи

Судот на американските Девичански Острови го повика мултимилијардерот и сопственик на „Твитер“ и „Тесла“, Елон Маск, да сведочи во судскиот процес против моќна банка на Волстрит која наводно му овозможила на Џефри Епштајн сексуално да подведува жени.

Иако Маск не е меѓу обвинетите во случајот, судот на Девичански Острови го повика да ги предаде сите документи кои ја покажуваат комуникацијата која ја имал со луѓето во банката JP Morgan Chase и со Епштајн, кој почина во 2019 година, пренесе Би-Би-Си.

Во понеделникот, Маск повторно ги негираше претходните инсинуации дека Епштајн му давал финансиски совети, наведувајќи во твит доцна синоќа дека е „апсурдна идејата“ дека тој добивал финансиски совети од Епштајн.

Слични содржини