Маск предлага Ла Манш да се преименува во „Канал Џорџ Вашингтон“

од Nikola Popovski
70 прегледи

Американскиот милијардер, Илон Маск предложи Ла Манш да се преименува во „Канал Џорџ Вашингтон“, по името на првиот американски претседател.

„Ново име за водите што ги делат Англија и Франција“, напиша Маск во објавата на „X“, приложувајќи географска карта на теснецот со предложеното име напишано преку него.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно потпиша извршна наредба со која се наредува отпочнување на процесот за преименување на Мексиканскиот залив во „Американски залив“ и нареди во следните 30 дена да се преземат мерки за официјална промена на името.

Слични содржини