МАСК САКА ДА ЈА ИСКОРЕНИ ДЕПРЕСИЈАТА: Чипови ќе пуштаат музика директно во мозокот

од Stefanija Kuzmanovska
340 прегледи

Милијардерот Елон Маск тврди дека неговата компанија „Neuralink“ работи на поврзување на човечкиот мозок и компјутерите, што ќе овозможи стримнг на музика „директно во мозокот“.

Како што рече, луѓето ќе можат да слушаат музика „директно од чипови“.

Тој исто така тврди дека „Neuralink“ работи на технологија што „може да помогне во контролата на нивото на хормоните, да ги подобри способностите, расудувањето, да ја ублажи вознемиреноста и слично“.

Од основањето на „Neuralink“ во 2016 година, се одржа само една голема јавна презентација за тоа како ќе работи овој стартап.

Говорејќи на настан во 2019 година, Маск рече дека тие работат на уред кој „личи на машина за шиење“, и што ќе овозможи директна врска помеѓу компјутерот и чипот што ќе биде вметнат во мозокот, јавува „Индипендент“.

„Технологијата најпрво би можела да се користи за да им помогне на луѓето кои страдаат од мозочни заболувања, како што е Паркинсоновата болест, но крајната цел на „Neuralink“ е да им овозможи на луѓето да се натпреваруваат со напредната вештачка интелигенција“, рече тој.

Инсталацијата на чипот треба да биде слична на ласерската операција на очите, а во документот што го опишува овој проект подетално се наведува дека ќе има USB-C кабел што ќе обезбеди „пренос на податоци со полна брзина“ до мозокот.

Претходно овој месец, Маск навести дека друга цел на чипот на „Neuralink“ е лекување на депресија и зависност. Ова треба да се случи со „реорганизирање“ на деловите на мозокот кои се одговорни за овие заболувања.

Тестовите веќе се извршени на животни. Тие првично беа планирани да бидат организирани и за луѓето оваа година, меѓутоа ќе видиме дали пандемијата на коронавирус ги променила тие планови. Повеќе информации треба да бидат објавени на 28 август.

Слични содржини