Маск сака да укине 10% од работните места во Tesla поради „супер лошо чувство“

од Vladimir Zorba
161 прегледи

Извршниот директор на Tesla, Елон Маск, има „супер лошо чувство“ за економијата и сака да укине околу 10 отсто од работните места во компанијата за електрични автомобили, споделил тој во е-пошта до Ројтерс денеска.

Во мејлот Маск вели и дека треба да има пауза од вработувања ширум светот.

Поштата е испратена два дена откако најбогатиот човек на светот им рече на вработените дека мора да се вратат на работа или на друг начин да ја напуштат компанијата.

Според официјалните податоци, компанијата Tesla на крајот на 2021 година вработувала околу 100.000 луѓе.

Маск во вторникот им рекол на вработените да се вратат на работа или да ја напуштат компанијата, барање веќе одбиено од некои вработени во Германија каде што компанијата има нова фабрика.

„Секој во Tesla мора да поминува најмалку 40 часа неделно во канцеларија“, напишал Маск во мејлот. „Ако не се појавиш, ќе претпоставиме дека си дал отказ“, додава милијардерот.

Слични содржини