Маск: Самитот за безбедност на вештачката интелигенција сака „независен судија“ да ги надгледува компаниите

од Vladimir Zorba
223 прегледи

Меѓународниот самит за безбедност на вештачката интелигенција сака да формира „независен судија“ кој ќе ги надгледува компаниите кои развиваат вештачка интелигенција и ќе реагира доколку е загрижен за нешто, изјави денеска претприемачот и најбогат човек во светот Елон Маск на собир во Блечли, Велика Британија.

„Не знам каква е дефиницијата за фер правила, но треба да имаме увид пред да започнеме со мониторинг“, им рече Маск на новинарите, според Ројтерс.

Според него, луѓето во индустријата за вештачка интелигенција се загрижени дека државите предвреме ќе постават правила за регулирање на вештачката интелигенција, но ова сценарио е „малку веројатно“.

Слични содржини