Маск се обиде да се пошегува со премиерката на Финска – нејзиниот одговор до сопственикот на Tesla ги „запали“ мрежите!

од Vladimir Zorba
337 прегледи

Премиерката на Финска, Сана Марин, во последните неколку дена доживеа бројни критики за кршење на епидемиолошките мерки и посета на ноќен клуб, а еден од луѓето кои се обидоа да ја исмеваат Марин, беше и директорот на Tesla, Елон Маск.

Иако премиерката на Финска им се извини на граѓаните за посетата на ноќниот клуб, по што се покажа дека била во контакт со лице позитивно на коронавирус, сепак се намалуваат реакциите на социјалните мрежи.

Меѓу другото, Маск објави фотографија, односно познатото „меме“ на кое маж и девојка разговараат во ноќен клуб.

Фотографијата е придружена со „дијалог“ во кој мажот ја прашува девојката што прави, по што таа одговара дека е „премиерка на Финска“.

Твитот на Маск беше споделен речиси 18.000 пати, а следеа реакциите на Финците кои го информираа Маск за тоа кој и како изгледа премиерката на Финска.

„Звучи кул“, одговори Маск.

Многу брзо се огласи и премиерката на Финска која одговори на „прозивките“ на Маск.

-И Финска е „кул“. Нордиска држава на благосостојба која сака да биде климатски неутрална до 2035 година. Во Финска живеат најсреќните луѓе, напиша Марин, а нејзиниот коментар предизвика воодушевување на Финците.

Слични содржини