Милијардерот Елон Маск е тужен за 258 милијарди долари за неговата промоција на Dogecoin, а делото беше поденесено вчера пред федералниот суд во Менхетен.
Кит Џонсон, тужителот, тврди дека сака да ги застапува луѓето кои се измамени од криптовалутата.
Маск, како и Tesla и SpaceX, е обвинет за учество во „крипто-пирамидата“. Џонсон тврди дека Dogecoin е само измама.
Тужителот цитираше објава на Твитер од ко-основачот на Dogecoin, Џексон Палмер за да го поддржи неговиот аргумент. Палмер рече дека индустријата поддржува „секташка“ шема.
Џонсон тврди дека Маск погрешно претставил дека Dogecoin е валута, додека ја охрабрувал својата публика да купува криптовалути. Се тврди дека обвинетите и нивните вработени ги довеле во заблуда тужителот и групата со тоа што ги навеле да го сметаат DOGE како одржливо средство.
Во тужбата се бара милијардерот и неговата компанија да престанат да го промовираат DOGE.
Тужителот тврди дека обвинетите собрале околу 86 милијарди долари преку измамнички практики. Групата исто така бара отштета од 172 милијарди долари.
Искористувајќи ги честите твитови на Маск, на почетокот на 2021 година Dogecoin претрпе период на значителен профит. Сепак, возбудата околу DOGE брзо исчезна. Алткоинот сега падна за повеќе од 90% од рекордните 0,73 долари.
Нетото богатство на Маск моментално е 217 милијарди долари, откако оваа година падна за 19,6 отсто (53 милијарди долари).