Американскиот мултимилијардер Елон Маск неодамна стана сопственик на Твитер за кој издвои 43 милијарди долари. Маск и онака беше активен на оваа социјална платформа, а откако стана прв човек на Твитер се очекува да биде уште поактивен.
Тој се јави синоќа по полноќ и се „пошегува“ дека Кока-Кола ќе биде следното нешто што ќе го купи и дека ќе го врати кокаинот во овој пијалок.
„Ќе ја купам Кока-Кола за да го вратам кокаинот во пијалокот“, напиша Маск.
Маск претходно „твитна“ како ќе ги купи Мекдоналдс, за да му помогне на овој синџир за брза храна и да ги поправи нивните машини за сладолед. Подоцна си одговорил сам на себе и напиша „како не може да прави чуда“.
Сепак, со една објава ја откри својата прва цел за уредување на Твитер по преземањето на оваа социјална платформа. Тој напиша „дека приватните пораки на Твитер треба да имаат“ енкрипција од „крај до крај“ како „Сигнал“.
„На тој начин никој не би можел да ги шпионира или хакира вашите пораки“, објасни Маск.