Маск: SpaceX го промени својот приоритет, целта сега е да се насели Месечината, а не Марс

Сопственикот на Tesla и SpaceX, Елон Маск, изјави дека приоритетот на компанијата се променил и дека целта сега е да се насели Месечината, а не Марс. Тој во објава на социјалната мрежа „X“ рече дека ова би можело да се случи за помалку од 10 години, пренесе CNN

од Vladimir Zorba
18 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ Dwarkesh Patel и Stripe

Сопственикот на Tesla и SpaceX, Елон Маск, изјави дека приоритетот на компанијата се променил и дека целта сега е да се насели Месечината, а не Марс. Тој во објава на социјалната мрежа „X“ рече дека ова би можело да се случи за помалку од 10 години, пренесе CNN.

„Најважниот приоритет е да се обезбеди иднината на цивилизацијата, во оваа смисла Месечината е побрза. Патувањето до Марс е можно само кога планетите се порамнуваат на секои 26 месеци (време на патување од шест месеци), додека ние можеме да летаме до Месечината на секои 10 дена (време на патување од два дена)“, напиша Елон Маск.

Тој исто така нагласи дека компанијата останува посветена на изградба на град на Марс и дека ова ќе започне за приближно пет до седум години, и дека ова е водечка цел на SpaceX уште од основањето на компанијата во 2002 година.