Милијардерот Илон Маск даде околу 75 милиони долари за три месеци на својата организација која го поддржува Доналд Трамп, покажаа во вторникот федералните финансиски извештаи, што го прави клучен за напорите на републиканскиот кандидат да победи на претседателските избори на 5 ноември.
Америка ПАК (Политички акционен комитет) кој се обидува да ја зголеми излезеноста на гласачите кои ќе го поддржат Трамп на изборите во клучните сојузни држави, а во периодот од јули до септември потрошил околу 72 милиони долари, покажуваат податоците доставени до федералната изборна комисија.
Кампањата на Трамп во голема мера се потпира на надворешни организации за да ги анимира гласачите, што значи дека Америка ПАК, основана од Маск, најбогатиот човек на светот, игра важна улога на изборите меѓу Трамп и демократската кандидатка Камала Харис.