Американскиот милијардер Елон Маск денеска најави формирање на нова компанија за вештачка интелигенција „xAI“.
„Го објавувам основањето на xAI за да можеме да ја разбереме реалноста“, напиша Маск на Твитер.
На веб-страницата на компанијата се наведува дека целта на „xAI“ е „да се разбере вистинската природа на универзумот“.