Маск влезе во седиштето на Твитер носејќи мијалник (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
285 прегледи

Милијардерот Илон Маск синоќа го посети седиштето на компанијата Твитер во Сан Франциско, а тоа е документирано со објава на оваа социјална мрежа.

Имено, тој објави видео на кое се гледа како влегува во просториите на Твитер носејќи ни помалку ни повеќе туку мијалник.

„Влегување во седиштето на Твитер – да се разбереме во целост (Let that sink in)“, изјави тој.

Фразата „ Let that sink in“ во буквален превод би значела „нека потоне внатре“, а на секојдневниот англиски значи грубо „нека потоне“.

Претходно во текот на денот, Маск напиша „Chief Twit“ во описот на својот профил на Твитер, за што многумина веруваат дека се обидел да ги задева актуелните шефови на компанијата.

Твитер не одговори на барањето на Ројтерс за коментар.

За потсетување, претприемачот Илон Маск планира да го финализира купувањето на Твитер до петок, 28 октомври, откако зделката беше одложена со месеци поради правен спор меѓу Маск и компанијата, објави „Блумберг“.

Слични содржини