206
Сопственикот на Tesla, Eлон Маск, пристигна денеска во Пекинг, каде ќе се сретне со високи кинески претставници за да разговараат за воведување софтвер за целосно автономно возење (FSD), изјавија два извори за Ројтерс.
Изворите додаваат дека Маск ќе бара одобрение за пренос на податоците собрани во Кина во странство за да го подобри алгоритмот.
Tesla, на барање на кинеските регулатори, ги складира сите податоци собрани од возилата во Кина во Шангај од 2021 година.