Маск: „Woke“ вирусот го уби мојот син и сега тој вирус ќе умре

од Nikola Popovski
715 прегледи

Милијардерот Илон Маск изјави дека неговиот син, кој се идентификува како жена, е „мртов“.

„Мојот син Ксавиер умре. Тој беше убиен од „woke“ вирусот“, објави Маск напиша на „X“. Тој одговори на тврдењето на неговиот син дека извел нацистички поздрав за време на говор во САД.

Маск има трансродов син или ќерка, која претходно се викаше Ксавиер Маск, а сега се вика Вивијан Џена Вилсон. Вивијан поднесе барање за законска промена на име и пол во 2022 година, наведувајќи дека „не сака да има никаква врска со нејзиниот биолошки татко“.

Маск повеќепати зборуваше за ситуацијата и рече дека Вивијан и тој се целосно отуѓени. Тој смета дека ова е последица на „woke идеологијата“ и образовниот систем. Во интервјуата, тој рече дека „сè доаѓа од училиштата, особено приватните училишта на брегот на САД“ и дека „премногу левичарска идеологија го уништила неговиот однос со неговото дете“.

Тој додал дека Вивијан била „под влијание на екстремни идеи“. Маск исто така истакна дека целата ситуација го мотивира да ги поддржи поконзервативните вредности и слободата на говорот и смета дека општеството отишло предалеку во „цензурирање и форсирање на прогресивни идеи“.

Слични содржини