Маск: „X“ е под масовен напад, голема група или странска држава стои зад сето тоа!

од Milan1
44 прегледи

„X“ е погоден од „масовен сајбер напад“, тврди Илон Маск. Шефот на таа социјална мрежа рече дека нападот дошол од „многу извори“.

Проблеми се пријавени од десетици илјади корисници, главно во САД и Велика Британија, но и корисниците од Хрватска имаат проблеми со пристапот до мрежата, покажува „Downdetector“.

Маск тврди дека во нападот била вклучена или голема координирана група или држава, или и двете.

„Се случи масовен сајбер напад врз Х (и се уште е во тек)“, напиша тој, додавајќи дека тие истражуваат сè.

Платформата беше во прекин, а корисниците не можеа да се логираат.

Слични содржини