Маскирани напаѓачи изрешетале автобус во Косово: Загинаа двајца ученици

од Nikola Popovski
310 прегледи

Најмалку четири лица загинаа, а двајца се повредени во пукање во автобус со ученици во селото Глоѓане кај Дечани, јавуваат косовските медиуми.

Според „Газета експрес“, а пренесено од порталот „Кликс“, загинале двајца ученици, возач на автобус и кондуктер. Полицијата потврди дека кон автобусот било пукано од неколку маскирани лица.

Потврдено е дека се убиени ученик и ученичка по презиме Мустафај и Хамзај. Тие се родени 2003 и 2004 година.

Според косовските медиуми, ранетите се пренесени во болница во Пеќ.

Автобусот се движел од Дечани кон Глоѓане, а пукањето се случило околу 19 часот.

Слични содржини