Пејачката Лејди Гага на својот Инстаграм објави фотографија од инаугурацијата на американскиот претседател Џо Бајден, на која се бакнува со своето момче Мајкл Полански.
Тие се бакнуваа преку маски, а Гага во описот на фотографијата стави емотикон гулаб, што е упатува на брошот гулаб што го носеше на фустанот за време на инаугурацијата.
Инаку, Лејди Гага беше главната starвезда на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден, а нејзината изведба на химната ја воодушеви јавноста.
Кога не пееше, седеше покрај своето момче скоро цело време, а Џенифер Лопез и нејзиниот партнер Алекс Родригез беа во нивна близина.
Гага и Полански официјално објавија дека се во врска во февруари минатата година и оттогаш се неразделни, а исто така често објавуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи.