Основното обвинителство во Приштина, со одлука на дежурниот обвинител, задржа осум лица во притвор 48 часа, под сомнение дека учествувале во масовна тепачка, соопшти косовската полиција.
https://www.youtube.com/watch?v=VQSVowcwL_U&feature=emb_title
По тепачката, лице со иницијали Н.Р. се здобило со тешки телесни повреди, кои биле утврдени со вештачење, пренесува „Косово онлајн“.
Притворени се Ц.З, Б.З, М.Р, Д.Н, М.Ј, Д.Т., Л.К. и малолетник, под сомнение дека сториле кривично дело „учество во тепачка“, се додава во соопштението.
Обвинителот, како што се додава, ќе поднесе барање за притвор на осомничените во законскиот рок.