Руските воздушни сили вечерва по втор пат во изминатата недела извршија масовни ракетни напади врз цели во Украина со проектили истрелани од стратешки бомбардери ТУ-95МС, соопшти Военото воздухопловство на Вооружените сили на Украина.
Ракетни напади беа извршени врз цели на западот на Украина, пренесува агенцијата Укринформ.
Воздушна закана беше на сила на целата територија на Украина.