Mastercard испрати порака до финансиските институции да престанат да дозволуваат трансакции со марихуана на нивните дебитни картички. Со овој потег тие и зададоа удар на индустријата која веќе е на работ на финансискиот систем во Соединетите Американски Држави.
Повеќето банки во земјата не ги опслужуваат бизнисите со канабис бидејќи марихуаната останува нелегална на федерално ниво и покрај тоа што неколку држави ја легализираа нејзината употреба за медицински и рекреативни цели.
„Како што дознавме за овој случај, брзо го истраживме. Во согласност со нашите политики, им наложивме на финансиските институции кои нудат платежни услуги на трговците со канабис и ги поврзуваат со Mastercard да престанат со активноста“, рече портпаролот на компанијата во средата, според Ројтерс.
„Федералната влада смета дека продажбата на канабис е нелегална, така што овие набавки не се дозволени во нашите системи“, додаде портпаролот.
Потегот, кој ќе одземе уште еден лесен за користење начин на плаќање за купувачите на канабис, прв го објави Bloomberg News.