Мата го продолжи договорот со Јунајтед

од Vladimir Zorba

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата, потпиша нов едногодишен договор, кој ќе го задржи на „Олд Трафорд“ до јуни 2022 година.

Мата пристигна во Јунајтед во јануари 2014 година од Челси, а 33-годишниот шпански фудбалер одигра 273 натпревари и постигна 51 гол, со 47 асистенции.

„Влијанието на поранешниот светски шампион врз младиот тим на Оле Гунар Солскјер е од непроценливо значење и менаџерот му дава голема поддршка на шпанскиот фудбалер“, се вели во соопштението на Јунајтед.

Мата освои четири трофеи со Јунајтед.

Слични содржини