Матиќ: Мурињо за 5 минути ме убеди да потпишам за Рома

од Vladimir Zorba

Новото засилување на Рома, Немања Матиќ, откри дека Жозе Мурињо брзо го убедил да потпише со „волчицата“. Српскиот играч за врска пристигна како слободен играч откако му истече договорот со Манчестер Јунајтед.

„По Френк Лампард, јас сум играчот од средниот ред кој одиграл најмногу натпревари под водство на Мурињо. За неполни 5 минути ме убеди да потпишам со Рома. Кога го напуштив Јунајтед тој ми се јави и јас веднаш му реков „да“. Мурињо има нешто дополнително што ве мотивира. Никогаш не сум го видел среќен. Кога ќе победи, веќе размислува за следниот ден. Секогаш е гладен за успех“, изјави Матиќ.

33-годишниот играч од средниот ред ја пофали Рома за потписот на Пауло Дибала: „Тој го носи квалитетот кој е потребен за да се направи следниот чекор. Сум играл против него и знам колку е тешко. Ме потсетува на Хуан Мата кога беше во најдобрите денови. Оној Мата, кој стана светски и европски шампион со Шпанија“.

Слични содржини