Матиќ утре потпишува за Рома

од Vladimir Zorba

Српскиот фудбалер Немања Матиќ утре би требало да ги помине лекарските прегледи и да се пресели во Рома, објави денеска италијански Скај.

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед би дошол во тимот предводен од Жозе Мурињо како слободен играч.

Ова би било трет пат за Мурињо и Матиќ да соработуваат, откако беа заедно во Челси и Јунајтед.

Матиќ одигра 159 натпревари под водство на Португалецот, повеќе отколку за кој било друг тренер. Тој во Рома треба да го замени Мхитарјан, кој како слободен играч ќе премине во Интер.

Според Скај, 33-годишниот играч од средниот ред утре ќе пристигне во италијанската престолнина, каде подоцна ќе потпише едногодишен договор.

Слични содржини