МАТТО донира 3,3 милиони денари за семејствата погодени од трагедијата во Кочани

од Даниел Ѓорѓиевски
23 прегледи

Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО) и нејзините членки донираат 3,3 милиони денари како поддршка за семејствата настрадани во трагедијата во Кочани.

„Голема тага и жал не обви сите нас. Посакуваме повредените што побрзо да се опорават и да се вратат во прегратките на своите најблиски. Длабоко сочувство до семејствата на загинатите, воедно и искрени желби за брзо опоравување на повредените. Молитвите на членовите на МАТТО се со семејствата на настраданите и семејствата на жртвите во Кочани,“ наведуваат од комората.

МАТТО истакнува дека ќе продолжи да го поддржува Црвениот крст и неговите хуманитарни иницијативи за создавање еднакво општество.

Слични содржини