Иако за време на минатогодишната промоција на моделот CX-90 се зборуваше дека Mazda ќе претстави уште еден нов SUV (наречен CX-70) во Америка во 2023 година, тоа не се случи. Сепак, сега доаѓа официјалната потврда дека CX-70 ќе ја има својата премиера на 30 јануари годинава.
Mazda CX-70 ќе ја користи платформата на CX-90, но CX-70 ќе нуди два реда седишта.
Засега не е познато како ќе изгледа CX-70, но се очекува и овој модел да добие слични стилски мотиви како поновите SUV модели на оваа марка.
Mazda веројатно ќе користи благ хибриден 3,3-литарски шестцилиндричен мотор (со 284 КС или 340 КС) за CX-70, како и plug-in хибриден погонски систем со 2,5-литарски четирицилиндричен бензински мотор и вкупно 327 КС.
Сите три верзии на CX-70 стандардно ќе бидат опремени со погон на четири тркала.