Британец, роден без пенис, успеал да го сокрие фактот од девојката повеќе од една година, пишува “Метро”.
Ендрју Вордол и партнерката Унгарката Федра Фабијан, се сретнале додека таа работела во летен камп во Велика Британија. По нејзиното враќање во Будимпешта нивната врска траела од далечина. Кога чувствата им се продлабочиле, Федра дошла на Островот кај својот сакан. Дури и потоа тој ја задржал својаата тајна, избегнувајќи интимност со објаснување дека има проблеми со бубрезите. На крајот ја признал вистината, Федра му ја простила лагата и вљубената двојка уште е заедно.
Вордол страда од тешка вродена малформација, позната како “екстрофија на мочниот меур”. Кај момчињата, родени со оваа состојба, мочниот меур се наоѓа надвор од телото и тоа предизвикува голем број на измени на половите органи. Во случајот на Вордол, тој воопшто нема пенис. По комплексна операција, сепак лекарите успеале да му го вратат меурот на соодветното место и телото на мажот развило тестиси.