Маж избоден со нож во трговскиот центар во Мелбурн

од Симе Стоиков
226 прегледи

Маж е избоден со нож денеска во трговскиот центар Хај Поинт во западниот дел на Мелбурн, Австралија.

Полицијата соопшти дека утрово еден маж избодел друг во горниот дел од телото при тепачка, пренесува Дејли Мејл. Повредениот со возило на брза помош е пренесен во болница во „тешка, но стабилна состојба“, а полицијата се уште трага по напаѓачот.

Трговскиот центар не бил затворен по нападот бидејќи се верува дека „нема понатамошна опасност“.

Како што е познато во Австралија на 13 април напаѓачот со нож Џоел Каучи уби шест лица и рани 12 во трговски центар во Сиднеј, по што беше застрелан од полицајка.

По нападот полицијата соопшти дека Каучи го познавале од порано, а од мали нозе боледувал од шизофренија.

Слични содржини