Маж ја “изнајмувал” сопругата на 2 742 клиенти

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Сопруг “изнајмувал” сопствена жена за секс со 2 742 различни клиенти во изминатите 4 години. Тоа бече обелоденео денеска  во судот , која  54-годишниот маж, чие име не се споменува од разбирливи причини,призна дека  заработувал на тој начин околу 7.000 евра месечно од тоа што неговата сопруга работела како проститутка.

фемен

Жената, која е на 46 година, ги прифаќала  клиентите во семејниот дом во Мо, северно од Париз. Додека таа заработувала  приходи на семејството, сопругот заедно со нивното 5-годишно дете седеле надвор во семејниот  автомобил. Емануел Дјупис, обвинителот од    градскиот криминален суд, изјавил за медиумите дека сопругот извршувал психолошки притисок врз неговата сопруга и не и дозволувал да се противи на барањата на клиентите, од кои некои биле невообичаени. Двојката, која е омажена од десет години, била уапсена во вторникот вечерта, но само против мажот се покренати обвиненија за подведување. Ако биде прогласен за виновен, може да остане зад решетки десет години. Проституцијата во Франција е легална, но Темис не дозволува насилна регрутација во  најдревната професија. Од истрагата за случајот станало јасно дека сопругот користел интернет, за да обезбедува клиенти за неговата сопруга. Сега против него е покренаот дело и тој беше ослободен со кауција до донесувањето на пресудата за случајот.