Маж на покривот на Вестминстерската палата, полицијата во Лондон на нога

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Лондонската полиција се распореди утрово околу дворецот Вестминстер – седиште на британскиот парламент – откако беше забележан маж да се шетаат по покривот на историската зграда во центарот на британската престолнина, пренесе АФП.

London_Westminster_Abbey

Не се познати ниту идентитетот на човекот, ниту причините за неговото присуство на покривот.Според портпаролот на Скотланд Јард полицајците се обидуваат да најдат решение на инцидентот.

ББС објави дека мажот на покривот бил сам и се движел многу мирно. Со раце во џебовите тој набљудувал како се  собираат случајните минувачи.

Покривот на Вестминстер веќе бил терен за опасни акробации од страна на демонстрантите во различни пригоди, вклучувајќи и  против изградбата на трета писта на лондонскиот аеродром Хитроу во 2008 година и на акција на Гринпис следната година.

По неколку пожари дворецот Вестминстер е реконструирана во неоготически стил во 19 век.Тој се наоѓа на северниот брег на реката Темза и во него се сместени Долниот дом и Домот на лордовите.