Маж од Бангладеш почина во кумановско, се заглавил во машина за правење бетон

од Milan1
75 прегледи

– На 06.02.2025 во СВР Куманово било пријавено дека при извршување работни задачи за приватна фирма во село Кетеново, кратовско, А.Р.(35) од Бангладеш се заглавил во работна машина за правење бетон и од здобиените повреди починал на местото на настанот, информира МВР.

Лекар констатирал смрт, а за настанот биле известени јавен обвинител и трудов инспектор.

Увид извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини