Откако триесет и шестгодишниот маж се вратил во Италија по петдневното патување во Шпанија, почнал да страда од треска, болки во грлото, замор и главоболка. Се испостави дека тој бил позитивен на тестот за КОВИД-19, мајмунски сипаници и ХИВ.
Откако отишол во болница на лекување, тој бил позитивен на мајмунски сипаници, КОВИД-19 и ХИВ во серија тестови. ХИВ тестот на мажот покажал високо вирусно оптоварување.
Тој беше пуштен од болница по околу една недела и се опоравил од мајмуни сипаници и коронавирус, пишува телевизијата CNBC.
Како што пренесува CNBC, Италијанецот рекол дека за време на престојот во Шпанија имал незаштитен секс со мажи. Три дена по појавата на симптомите, му била дијагностицирана корона, објави Journal of Infection.
Истражувачите предупредија дека брисот од грлото на пациентот е сè уште позитивен и по 20 дена, што укажува дека лицето е сè уште заразно.
„Со оглед на тоа што ова е прв случај на лице заразено со три вируси, нема доволно докази дека оваа комбинација може да ја влоши состојбата на пациентот“, велат оттаму.