Маж од Пехчево се шетал со ловечка пушка за која немал дозвола

од Берта Китинска
426 прегледи

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Е.А.(32) од с.Чифлик, пехчевско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– На 14.11.2021 околу 07:45 часот, на место викано „Света Петка“, во атар на с.Чифлик, пријавениот е затекнат од полициски службеници како со себе носи ловна пушка „Bajkal IJ“, калибар 12 мм и седум ловечки патрони калибар 12 мм, без да поседува соодветна дозвола за оружје издадена од надлежен орган, посочуваат од МВР.

Слични содржини