Маж повреден од струен удар на железничката пруга во Драчево

од Milan1
23 прегледи

„На 07.07.2025 околу 07.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на железничката пруга во населба Драчево, М.И.(45) од Скопје се здобил со повреди од струен удар.

Со возило на Итна медицинска помош М.И. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје“, информираат од МВР.