Турските медиуми објавија дека 20-годишен маж е сместен во болница, откако најпрвин пукал на полицајците кои ја чуваат резиденцијата на турскиот претседател, а потоа и на себе.

_78990669_erdoganstaircase

Според извештајот на агенцијата Анадолија, мажот се расправал со полицајците пред резиденцијата, потоа извадил пиштол и пукал кон нив, а потоа и себе си во глава.

Во инцидентот нема повредени полицајци.

Мажот кој имал криминално досие, според турските медиуми, сакал да влезе во зградата. Но, засега не се познати мотивите за тоа.

Тој е пренесен во болница и се наоѓа во животна опасност.

Слични содржини