Маж силувал жена и сакал да ја запали, таа го повлекла во огнот

од desk2
139 прегледи
Еден Индиец силувал жена во понеделникот во нејзиниот дом во Калкута, по што се обидел да ја убие запалувајќи ја.
Но, жената го повлекла во огнот него и го убила, јавуваат индиските медиуми.
Маѓот на возраст од 42 години силувал жена на возраст од 35 години, вдовица и мајка на три ќерки. Таа сама успеала да ја преживее ситуацијата и овој брутален чин на убиство, но лицето и рацете ѝ се трајно оштетени од изгорениците.
Напаѓачот ја силувал во понеделникот во нејзиниот дом во Калкута, додека нејзините ќерки биле излезени, изјави полисицки портпарол Сајал Канти Бисвас и додаде дека тогаш тој го полил нејиното тело со бензин и ја запалил.
Соседите велат дека побрзале во кучата од каде се ширел чад и чуден мирис, а таму ги нашле двајцата како горат и тегла со бензин во собата. Двајцата се одведени во болница, каде маќот им подлегнал на повредите, а жената се лечи.
Оваа трагична случка доаѓа во период на алармантно зголемен број случаи на сексуално насилство во индија, со повеќе од 100 пријавени силувања секој ден. Низата брутални случаи на групно силување и убиства ја шокира земјата, но и светот. Многу силувани жени никогаш не го пријавуваат силувачот затоа што им се закануваат со смрт ако одат во полиција.. И самата полиција често ги изневеруваат жртвите, предупредуваат стручњаците.
Затоа, многу индијци на социјалните мрежи одушевено реагираат на случите на „инстант“ правда како овој, кога жртвите ја земаат правдата во свои раце.