206
Маж вооружен со мачета предизвика паника во Париз, само неколку часа по терористичкиот напад во Виена во кој беа убиени неколку лица.
Париската полиција го опколи осомничениот во близина на гробиштата „Пер Лашез“.
„Некој тип шета по „Пер Лашез“ со мачета. Животот ми прелета пред очи и не знаев дали да останам во метрото или да побегнам“, рече еден очевидец.
Медиумите јавуваат дека ситуацијата била мирно решена и дека осомничениот, кој се забарикадирал во блиската зграда, бил „збунет бездомник“.
Нападот во Париз следеше по синоќешните напади во центарот на Виена. Во последните неколку недели имаше неколку терористички напади во Франција.