Маж со црна фантомка на лице и женски хулахопки на рацете ограбил продавница во Негорци

од Берта Китинска
849 прегледи

Основното јавно обвинителство од Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво казниво по Кривичниот законик. На 29.12.2021 година, осомничениот се маскирал со црна фантомка на лицето и со женски хулахопки на рацете и влегол во продавница на правното лице „Дием Груп“ во селото Негорци. Со употреба на сила, вперувајќи нож кон вработената која седела на пултот за наплата, тој без збор ја отворил касата и одзел 15.900 денари во различни апоени.

Судот му одреди притвор од 30 дена на осомничениот кој сторил кривично дело – Разбојништво.

Надлежниот јавен обвинител цени дека во конкретниот случај постои опасност осомничениот да се даде во бегство, да го повтори делото или да влијае врз сведоците/оштетените, па до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Слични содржини