Маж со заштитна маска против загадувањето ограбил банка во Велес

од Берта Китинска
212 прегледи

Во 9.20 часот утринава во СВР Велес било пријавено дека во експозитура на ТТК Банка на ул.„8 Септември“ во Велес едно лице со закана со пиштол од вработените одзело пари и побегнало.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Според сведоци кои се нашле на местото на грабежот, лицето било маскирано со заштитна маска против загадување на воздухот, и со пиштол в раце.

СВР Велес е во потрага по лицето и врши контрола на автомобилите кои го напуштаат градот.

Слични содржини