Маж сподели како изгледа без куп тетоважи: „Двајца различни луѓе“!

од Vladimir Zorba
230 прегледи

Канаѓанецот Реми на Инстаграм се пофали со своето тело покриено со тетоважи, а откри и дека за да изгледа како што изгледа, поминал неверојатни 1.200 часа на столчето за тетоважи. Неговата кожа е речиси целосно со сино мастило, а тетоважите се протегаат од стапалата до брадата, пишува Дејли Стар.

На Инстаграм, покрај својата неодамнешна фотографија, објави и една од пред неколку години, пред да одлучи да го искористи своето тело како платно за сликање.

„Како двајца различни луѓе!“, коментира еден следбеник. „Супер си, продолжи така… Изгледаш многу подобро од порано“, му порачаа на Инстаграм, а Реми најави и дека планира да влезе во Гинисовата книга на рекорди со големината на телото покриена со мастило.

„Времето кое е потребно за да стигнам таму е неважно. Знам каде одам, па не е важно колку време ми треба; најважно е да уживам во патувањето“, напиша тој на својот профил, каде што редовно ги покажува своите нови тетоважи.

На фотографијата Реми ја соблече кошулата додека го покажуваше црното мастило на торзото. Веќе некое време работи на негово освежување бидејќи го документира и на YouTube.

„Уште колку тетоважи планираш да направиш?“, го прашаа корисниците на Инстаграм. „Секогаш има некој детал што би сакал да додадам. Само признавам, се потешко ми е да најдам празно место“, одговори Реми, чии пазуви се дури покриени со тетоважи.

Слични содржини